9 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Хрватска испушти победа со Чешка, хулигански инцидент на трибините

ЕУРО 2016: Хрватска испушти победа со Чешка, хулигански инцидент на трибините

хрватска

Хрватските фудбалери во мечот против Чешка одигран во Сен-Етјен во петокот во второто коло од Групата Д на европското фудбалско првенство испуштија два гола предност и сигурен пласман во осминафиналето, играјќи 2-2 во мечот кој беше одбележан со испадот на хрватските фудбалски хулигани кои со фрлање факели на игралиштето испровоцираа прекин на мечот.

Водечкиот погодок за Хрватска го постигна Иван Перишиќ во 37 минута, кога со дриблинг го исфрли од игра чешкиот стопер и од лева страна го погоди спротивниот агол на голот на Петр Чех. Со овој гол хрватските фудбалери ја крунисаа надмоќноста што до тој момент ја имаа на теренот, која ја задржаа до крајот на првото полувреме.

Честите првиот шут кон хрватскиот гол го упатија дури во 52 минута, но голманот Субашиќ лесно го одбрани ударот на Крејчи. А седум минути подоцна Хрватска поведе со 2-0, кога Марсело Брозовиќ ја протна топката зад грбот на чешката одбрана, каде правовремено втрча Ракитиќ и го префрли истрчаниот чешки голман.

Играта на хрватска помалку загуби во сигурноста, откако во 62 година Лука Модриќ поради повреда ја напушти играта, а го замени соиграчот од Реал Мадрид, Матео Ковачиќ.

Чесите во 76 минута го намалија резултатот. Кога Росицки уфрли во казнениот простор, а Милан Шкода, кој влезе во игра десет минути претходно, со прецизен удар со главата го совлада нерешителниот Субашиќ.

Во 86 минута хрватските навивачи со употреба на пиротехника предизвикаа прекин на мечот, кој беше привремени и по пет минути играта беше продолжена. Во тоа продолжување беше досуден пенал за Чесите, откако Вида играше со рака во својот шеснаесетник. Најстрогата казна прецизно ја изведе Томаш Нецид.

На табелата води Хрватска со четири бодови, пред Шпанија која има три, Чешка има еден а Турција која од 21 часот игра против „Црвената фурија“ е без бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП