16 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Швајцарците не успеаа против Романија

ЕУРО 2016: Швајцарците не успеаа против Романија

bg

Во натпреварот од второто коло во Групата А на европскиот фудбалски шампионат, во Париз и покрај подобрата игра Швајцарија не успеа да ја совлада Романија (1-1). Голот за Романците го постигна Богдан Станчу во 18 минута од пенал, а за Швајцарците изедначи Адмир Мемеди во 57 минута.

Од почетокот на мечот Швајцарците го наметнаа ритамот и играта ја префрлија на половината на противникот, и веќе во 6 минута Сеферовиќ имаше шанса но од 12 метри пласираше крај голот. Истиот играч по десет минути имаше повторно шанса, но одбрани Татарушани.

Но во екот на нападите на Швајцарците, Романците во 18 минута заработија пенал откако Лихштајнер без потреба за дрес го влечеше Чипчу. Богдан Станчи, кој во поразот од Франција (1-2), исто така, беше прецизен од единаесет метри, и овојпат ефикасно ја презема одговорноста. Потоа Романија имаше уште една голема шанса, во 28 минута, кога Сапунари по нафрлувањето по слободен удар ја погоди стативата.

Швајцарците продолжија со притисокот и веќе во 22 минута Шар се обиде со волеј од 25 метри, но топката која одеше под пречката беше плен на Татарушану. Во 33 минута Родригез од слободен удар од 20-ина метри биеше директно во романскиот голман, а во 38 минута Лихштајнер по продорот по десната страна одлично нафрли на втората статива каде Џемаили со глава шутираше крај голот.

На почетокот од второто полувреме Романците веднаш имаа две добри можности. Во 46 минута Хобар од непосредна близина шутираше крај голот, а во 52 минута Журу со несмасна интервенција за малку ќе ја погодеше сопствената мрежа.

Во 57 минута Швајцарија изедначи по лошото расчистување од страна на романската одбрана кога се одби топката од Адмир Мемеди кој од десетина метри со полуволеј ја заби топката за 1-1. По изедначувачкиот гол, Швајцарците и натаму одеа по сите три бода, но создадоа само две полушанси преку Шакири и Џемаили на 15-ина минути пред крајот на мечот.

Швајцарија е прва со 4 бодови, додека Франција има 3, Романи 1 а Албанија е без бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП