6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Историски бод за Исланд (видео)

ЕУРО 2016: Историски бод за Исланд (видео)

исланд-бод

Фудбалската репрезентација на Исланд освои бод против фаворизираната Португалија, откако во натпреварот, во рамките на првото коло во Ф групата одигра 1-1.

Португалците кои како големи фаворити влегоа во натпреварот, во првите 30 минути ја испуштија шансата да го решат победникот, иако Исланд преку Сигурдсон во четвртата минута ја пропушти првата голема шанса.

Португалија поведе преку Нани во 31.минута, откако по десната страна убаво комбинираа Рафаел и Андре Гомеш, кој нафрли од прва, а Нани ја прoследи топката во голот на Исланд.

Голот на Нани е 600-от во историјата на европските првенства.

Исланѓаните израмнија во раната фаза од вториот дел, во 50.минута, кога по центаршутот на Гудмунсон, Виериња заборави на Бјарнасон кој со полуволеј го совлада Риу Патрисио.

До крајот на мечот Португалците ја контролираа играта, но против оргаризираната и борбената исландска одбрана, создадоа само една шанса. Во 85.минута, Роналдо со глава биеше право во голманот на Исланд.

Роналдо на овој меч се израмни според бројот на настапите за Португалија со Луис Фиго и двајцата имаат одиграно по 127 натпревари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП