3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМукаетов: До последните атоми на силите против Чешка

Мукаетов: До последните атоми на силите против Чешка

мукаетов-мук

Апелирам до нашите момци да ги вложат макар и последните атоми од силите за да го одржиме континуитетот на големите натпреварувања, да го дадеме најдоброто што го знаеме и умееме за непречен тек на приказната чии продолженија ги славиме секој јануари, им порача во вторникот на македонските репрезентативци челникот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, во пресрет на возвратниот меч против селекцијата на Чешка

Во среда, со почеток во 20 часот во арената „Борис Трајковски“, македонската машка репрезентација ќе се обиде да ја надомести негативата од шест гола разлика (22-28), со којашто влегува во реваншот од баражот со Чешка за пласман на Светското ракометно првенство во Франција следната година.

Мукаетов во обраќањето посочи дека македонските ракометари ќе се соочат со уште голем предизвик и, според него, станува збор за настан кој е „многу повеќе од квалификациски меч“.

„Утрешниот натпревар за нас, како Федерација. претставува мост меѓу македонската ракометна историја и иднината на нашиот национален ракометен дрес“, порача Мукаетов апелирајќи репрезентативците да се вложат целосно во остварувањето на целта – одржување на континуитетот во учествата на националниот тим на големите континентални и глобални натпреварувања.

„Да ги израдуваме нашите верни навивачи кои поминуваат илјадници километри во невозможни услови со цел да ги бодрат своите јунаци при големите подвизи и кои сум сигурен дека и на утрешниот натпревар ќе ни дадат максимална поддршка од трибините во Борис Трајковски’, додаде челникот на Ракометната федерација.

Муакаетов, исто така, порачува дека „се стеснил“ просторот за оправдувања за сите инволвирани во македонскиот репрезентативен ракомет.

„Затоа, апелирам да се сфати сериозно секоја секунда од семафорот на утрешниот натпревар. Да се остави срце на терен, онака како што многу пати досега се случувало. Со сета сила да се брани македонскиот ракометен идентитет, затоа што тоа ѝ го должиме на целата нација“, заклучи Мукаетов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП