19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕВРО2016: УЕФА ја казни Русија со 150.000 евра и условна дисквалификација

ЕВРО2016: УЕФА ја казни Русија со 150.000 евра и условна дисквалификација

rusija fanovi 333

Европската фудбалска асоцијација УЕФА реши да го казни Рускиот фудбалски сојуз (РФС) со 150.000 евра и условно ја дисквалификуваше руската национална селекција од Европското првенство во Франција до крајот на турнирот, откако ги обвини руските навивачи дека учествувале во безредијата во Марсеј.

„Обвинувањата се во врска со безредијата, употреба на пиротехника и расистичко однесување се изнесени против РФ“, се наведува во соопштението на УЕФА.

Етичкиот комитет на УЕФА одлучи да го казни РФС со казна во висина од 150.000 евра и да одреди условна дисквалификација за руската репрезентација до крајот на шампионатот, што значи дека доколку се повтори инцидентот Русија ќе биде отстранета од турнирот.

„Доколку се случат слични инциденти на стадион за време на преостанатите средби на Русија на ЕВРО2016, дисквалификацијата престанува да биде условна“, се додава во соопштението на УЕФА чиишто овластувања се ограничени само на спортските објекти.

Притоа руската фудбалска организација има право да поднесе жалба.

Рускиот министер за спорт кој истовремено е и претседател РФС, Виталиј Мутко, смета дека оваа казна е претерана. Според него, паричната казна е огромна, но нема смисла за поднесување жалба.

„Но зошто се засегнува репрезентацијата: Таа не е виновна, зошто тимот да биде казнет“, изјави за руските медиуми Мутко.

По завршувањето на натпреварот меѓу Русија и Англија (1-1) на стадионот „Велодром“ во Марсеј, триесетина руски навивачи се пробија во секторот во кој беа сместени англиските навивачи започнувајќи тепачка, којашто ја прекина обезбедувањето на стадионот.

Руската јавноста забележува дека на стадионот не била создадена тампон зона меѓу двете навивачки групи, што е вообичаено за натпреварите кои се означени како високо ризични, како што беше мечот Русија-Англија, особено имајќи предвид дека од четвртокот до саботата англиските навивачи предизвикуваа судири во Марсеј со локалните навивачи, со руските фанови и со полицијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП