24 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА ќе заработи од Евро 2016 повеќе пари од било кога

УЕФА ќе заработи од Евро 2016 повеќе пари од било кога

euro zdrep 3

Една година по избувнувањето на огромниот корупциски скандал на највисоко ниво во светскиот фудбал, угледот и финансиите на ФИФА се уште се спакувани во „магла“. На околу 250 километри од седиштето на ФИФА, сепак, прогнозата е многу поинаква за УЕФА, пишува „Bloomberg“.

Европското првенство кое стратуваше во петокот во Франција е најголемиот турнир во историјата со повеќе тимови, повеќе натпревари и повеќе градови домаќини. За УЕФА сето ова значи повеќе пари. Организацијата очекува да генерираат 2 милијарди евра приходи, во споредба со приходите во износ од 1,4 милијарди евра пред 4 година кога Полска и Украина го поделија домаќинството со вкупно 16 учесници.

Европското првенство одамна заостанува по популарност и приходи само од Светското првенство во фудбал. Сега со тимови учесници од 24 земји има повеќе билети за продажба, а телевизиските права за турнирот беа продадени за околу 1.05 милијарди евра, или 25% повеќе од 2012-та година.

Приходите од спонзорски договори забележаа раст од околу 40% до 450 милиони долари, според маркетинг директорот на УЕФА Гај-Лорен Епштајн. Останатите приходи ќе дојдат од продажба на билети.

За споредба, телевизиските права за турнирот Копа Америка беа продадени за скромните 112,5 милиони долари. Во Азија пак телевизиските права беа продадени за 10-годишен период, кој истекува во 2020-та година за сума од 1 милијарда долари.

Бројот на гледачите ќе нараснат до 300 милиони до финалето на 10-ти јули во Париз. За споредба, во февруари во близина 110 милиони луѓе го гледаа финалето во американски фудбал Супер Боул.

„Ќе обезбедиме 51 Супер Боул во следниот месец“, вели Епштајн.

Продажбата на 2,5 милиони билети, или со 1 милион повеќе отколку што беа достапни во 2012-та година ќе го обезбедат остатокот од приходите.

Враќањето на турнирот во една од најголемите економии во Европа за прв пат од 1996-та година доведе до зголемување и на спонзорските договори со 40% во споредба со 2012-та година. Спонзорите се вообичаени за фудбалот, како „Adidas AG“, „The Coca-Cola Co.“ и „Carlsberg A/S“. Данската пивара го стави турнирот во седиштето на својата рекламна кампања за летото, а ќе потроши за него 80 милиони евра.

За Франција во целина турнирот е капка во морето. Научниците од Лимож пресметале дека тој ќе генерира економски ефект во износ од 1,3 милијарди евра, средства главно потрошените од навивачите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП