25 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКрај за Бразил на Копа Америка

Крај за Бразил на Копа Америка

raka peru 33

Бразил неславно го заврши својот настап на Копа Америка, откако ноќта кон понеделникот загуби 0-1 од Перу во Факсборо, во американската сојузна држава Масачусетс, и заврши на третото место во Групата Б. Перу славеше со спорниот гол на Раул Руидијаз во 75 минута.

Бразил толку рано не го завршил натпреварувањето на Копа Америка од 1987 година, и е вториот фаворит годинава елиминиран во оваа фаза од турнирот, по Уругвај.

Играчите на бразилскиот селектор Дунга, кои пред четири дена уверливо со 7-1 го совладаа Хаити, доминираа и против Перу, но сите ниви шутови беа спречувани од одличниот голман Педро Гаљезе,

Перу до водството и победата дојде во 75 минута, кога неговиот напаѓач Раул Руидијаз постигна гол на што Бразилците жестоко протестираа тврдејќи дека притоа си помогнал со раката. На крајот по анализата со видео, голот сепак беше признат, иако снимките покажуваат дека напаѓачот на клубот Универзитариот ја користел раката,

Со овој пораз Бразил мораше да се задоволи со четири бодови и третото место во групата, додека Еквадор, кој со 4-0 ги совлада Хаити, и Перу, кои се пласираа во четвртфиналето.

Перу во четврток во Њу Џерси ќе игра против Колумбија, а Еквадор во САД, исто така во четврток, во Сиетл.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП