11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолска го започна турнирот со победа над С.Ирска

Полска го започна турнирот со победа над С.Ирска

polsa-s-irska

Во првиот меч од првото коло во Групата Ц од европското фудбалско првенство во Ница, фудбалерите на Полска ја совладаа Северна Ирска со минимални 1-0, со голот на Аркадиуш Милик во 51 минута.

Во најслабиот меч во досегашниот тек од турнирот, дебитантот на европските шампионати Северна Ирска влезе со дури 12 мечеви во низа без пораз, но во дебито не покажаа ништо освен борбеноста. Во текот на сите 90 минути имаа само еден слаб обид покрај голот на противникот.

Ниту Полјаците предводени од својата најголема ѕвезда Роберт Левандовски, исто така, не покажаа нешто особено, борејќи се со затворениот противник, но на крај со итриот погодок на Милик стигнаа до победата која им ја подотвора вратата за пласман во осминафиналето.

Првиот дел од натпреварот мина во голема доминација на Полска која не искористи две големи шанси. Прво во 28 минута Мили во трк мина двајца Ирци но шутираше високо над голот, а потоа во 39 минута силниот удар на Капуцка од работ на шеснаесетникот со парада го блокираше ирскиот голман МекГоверн.

Северна Ирска, сепак, капитулираше во 51 минута, кога Милик од 15 метри упати удар кој мина низ неколку нозе на ирските одбранбени фудбалери и низ рацете на голманот. Во продолжението од натпреварот северните Ирци останаа безопасни за противничкиот гол, а Полјаците создадоа само уште една можноста за потврда на победата во 86 минута кога силниот шут на Криовјак заврши крај стативата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП