27 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВолејот на Модриќ за хрватски триумф над Турција

Волејот на Модриќ за хрватски триумф над Турција

hrvatska

Хрватската фудбалска репрезентација со прекрасниот волеј на реаловиот играч Лука Модриќ во 41 минута за победа над слабата Турција го започна натпреварувањето на европскиот фудбалски шампионат во Франција.

Хрватска целосно доминираше на мечот во кој Турција избегна пораз изразен со повеќе примени голови. Покрај голот на Модриќ, хрватската селекција пропушти преку Срна и Перишиќ кои ги погодија стативите.

За разлика од страшните слики на хулиганство во саботата во Марсеј, хрватските и турските навивачи заедно дојдоа на натпреварот, иако организаторот мечот го прогласи со највисок ризик.

Изненади турскиот селектор Фатих Терим кој го изостави најдобриот напаѓач Бурак Јилмаз, давајќи му доверба мечот да го започне Ченк Тосун.

Хрватите првата полушанса ја имаа преку Иван Ракитиќ по само 80 секунди игра, а во 22 минута Брозовиќ со глава имаше шанса. Првиот удар во рамките на голот го имаше Перишиќ во 28 минута кој со волеј шутираше во турскиот голман. Турција веќе во следната минута преку Туфан ја имаше огромната шанса, но неговиот удар со глава на гол линијата со сопре хрватскиот голман.

Во второто полувреме Хрватска играше така да се каже на работ од вториот гол кој како што се одвиваше мечот ќе значеше и дефинитивно решавање на победникот. Хрватските фудбалери во овој дел се изнапромашија, вклучително и двата удари во стативите, додека Турција првата и единствена шанса ја имаа дури во 81 минута преку Еркин,

Во вториот меч од првото коло од оваа група во понеделник ќе се сретнат Шпанија и Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП