29 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРафал на Стеф Кари, ГС пред одбрана на титулата (видео)

Рафал на Стеф Кари, ГС пред одбрана на титулата (видео)

kari mari 00

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс една победа ги дели од одбрана на титулата во НБА лигата. Вориорс водат со 3-1 во финалната серија против Кливленд, откако на теренот на противникот славеа во четвртиот меч со 108-97.

Стефон Кари, како вистински лидер, ја презеде одговорноста за поразот на неговиот тим во третиот меч, во четвртиот натпревар одговори со 38 поени и шест асистенции. Кари од поле погоди 11 од 25-те обиди (7/13 за три).

Покрај Кари уште тројца играчи на актуелниот шампион уште тројца постигнаа двоцифрен број на поени: Клеј Томпсон 25, Херисон Барнс 14, Андре Игудала, додека Дрејмон Грин забележа девет поени,12скокови и четири асистенции.

Голден Стејт одигра добра одбрана во второто полувреме, прими 42, а постигна 58 поени што беше клучно за конечниот победник.

Кливленд го предводеше Кајри Ирвинг со 34 поени, додека една асистенција му недостигаше на Леброн Џејмс за трипл дабл: 25 поени, 13 скокови, девет асистенции.

Петтиот меч од серијата ќе се одигра во ноќта помеѓу понеделник и вторник, а домаќин ќе биде Голден Стејт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП