28 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБаерн го сака суперталентот од Спортинг

Баерн го сака суперталентот од Спортинг

bruma

Германскиот гигант Баерн Минхен е уште еден од клубовите кој е заинтересиран за младата надеж на Спортинг Лисабон, Брума. „Баварците“ сериозно ја разгледуваат можноста да го купат 18-годишното крило, но пред тоа тие сакаат да се уверат во неговите квалитети во уште неколку натпревари.

Брума веќе е дел од првиот тим на Спортинг. Оваа сезона тој настапи на 8 натпревари и даде еден погодок во првенството на Португалија. Од Баерн се подготвени да платат за него меѓу 4 и 5 милиони евра, но ќе треба да се борат со конкуренцијата која доаѓа  од Манчестер, бидејќи „граѓаните“ веќе подолго време го следат развојот на младиот фудбалер.

Сепак шефовите на „зелено-белите“ се надеваат дека ќе го задржат барем уште една сезона, во која Брума конечно ќе се наметне во првиот состав и со тоа да се подигне неговата цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП