2 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИзвлечени групите за ЕП за ракометарки

Извлечени групите за ЕП за ракометарки

svedska rakomet 33

Во Гетеборг беа извлечени групите за Европското првенство за ракометарки, кое во Шведска ќе се одржува од 4. до 18. декември.

Шведска како домаќин своите средби ќе ги игра во Гетеборг. Оваа репрезентација ја предводи А групата, во која уште се Србија, Шпанија и Словенија.

Во Б групата во Кристијанштад се Холандија, Германија, Франција и Полска, а во Ц групата, во Малме ќе играат Црна Гора, Данска, Унгарија и Чешка.

Хелсинборг ќе биде домаќин на Норвешка, Русија, Романија и Хрватска, кои се сместени во Д групата.

Пласман во наредната фаза ќе изборат по три селекции од секоја група, потоа ќе се формираат две нови групи, а во полуфиналето ќе играат најдобрите две од секоја група. Натпреварите од втората фаза ќе се играат во Скандинавиум арена во Гетеборг

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП