18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЦирбес и Милер се селат во Макаби

Цирбес и Милер се селат во Макаби

cirbes miler 333

Кошаркарите на Црвена ѕвезда, во четвртокот, ја одбранија титулата во првенството на Србија, со што ставија крај на успешната сезона, во која исто така ја одбранија и титулата во регионалната АБА лига, а во Евролигата стигнаа до четвртфиналето.

Црвена ѕвезда против најголемиот ривал Партизан, во финалната серија славеше со 3-1, а за МВП на финалето е прогласен германскиот репрезентативен центар, Мајк Цирбес.

Германецот, на најдобар начин се прости од „црвено-белиот“ дрес, кој го носеше во изминатите две сезони. Во првата, му беше резерва на српскиот репрезентативец Бобан Марјановиќ, додека во втората се промовираше како еден од најдобрите европски играчи на оваа позиција.

Цирбес заедно со Американецот Квинси Милер, кој во Белград пристигна во текот на сезоната, од наредната сезона ќе играат во дресот на Макаби.

Овие двајца играчи, според срските медиуми, в недела ќе бидат преставени во новиот клуб.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП