Овен (21.03 – 20.04)
Слободните ќе уживаат во моменталниот стил на живеење – многу средби, разговори, новини, озборувања. Можно е многу успешно кратко патување. Во сериозните врски доаѓа до заладување или затегнување на односите. Заборавете накратко на обврските и бидете пак млади и заљубени.
Бик (21.04 – 21.05)
Најблиската околна ве гуши и вие сте под голем притисок. Енергијата ви е намалена. Надворешно би можеле да се однесувате погрубо и поодлучно отколку што сте во суштина. Условите би можеле да ве натераат на непромислено реагирање.
Близнаци (22.05 – 22.06)
Постојат големи шанси парите да ги вложите онаму каде што најмногу ќе ви се исплати, односно во нешто од што двојно ќе ви се вратат. Ве очекува некоја особено пријатна посета или пак самите ќе изненадите некој на таков начин. Контактите ви се одлични. Во врска со вашето семејство ќе владее хармонијата и љубовта.
Рак (22.06 – 22.07)
Зголемениот број на обврски ќе ви го расипе денешното расположение. Ќе бидете склони кон нервоза, раздразливост, а добро би било повеќе да го користите мозокот и подобро да се организирате во работата. Во сотојба сте да се исцрпувате на работното место и да работите за двајца.
Лав (23.07 – 22.08)
На работното место на проблемите ќе им пристапите многу храбро, со деловните партнери ќе најдете одлично решение, а службените дружења завршете ги со кафенце или деловна вечера. Вашиот шарм е многу драгоцен во ваквите моменти, па слободно искористете го денес.
Девица (23.08 – 22.09)
Големите планови и идеи за кои веќе долго и срамежливо размислувате, полека се менуваат во нешто изводливо и достижно. Сепак сеуште не е дојден часот за да тргнете во реализација и да превземете конкретни чекори. Во меѓувреме позанимавајте се со она што ви го наметнуваат условите.
Вага (23.09 – 22.10)
Некои нови прилики во семејниот живот како и можноста за купување на недвижнини, градење, премногу ќе делуваат врз вас. Ќе промените нешто во вашиот секојдневен живот, па сето тоа заедно ќе ви создава стресна ситуација. Во љубовта можеби малку ќе се одалечите од партнерот.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
Со некои финансиски акции ќе се обидте да ги решите зголемените семејни или стамбени проблеми. Во љубовта сепак многу малку може да се купи со пари. Подсетувањето на реалниот живот и тешкотиите на другите ќе ви помогне да ги ставите работите во подобра перспектива.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Ве очекуваат нови возбудувања можеби поврзани со некакво патување. Контактите со странство ви се позитивни. Ќе се двоумите околу покажувањата на чувствата, минатите искуства ви ги нарушуваат сегашните прилики.
Јарец (22.12 – 20.01)
Работните обврски ќе ги извршувате, но нема да се трудите да постигнете поголеми успеси. Ќе имате средба со луѓе кои ќе ви помогнат да остварите барем дел од започнатите планови. Колку ќе успеете ќе зависи од вашите залагања и желби.
Водолија (21.01 – 19.02)
Чувствувате немир па потајно се надевате и фантазирате. Понекогаш силата е во признавањето на човечките слабости. Пријателската љубов ќе ви го исполни денот. Денес денот поминете го со пријателите, уживајте, зборувајте, дружете се.
Риби (20.02 – 20.03)
Ве очекуваат интересни и конфузни ситуации во работата. Тие ќе се одразат во вашиот живот. Главните проблеми ќе ги имате во љубовта. Упорно ќе го запоставувате партнерот и ќе бидете наклонети кон неверства. Ваквото однесување се должи на неискрените односи.