20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЧервар со 17 ракометари отпатува во Злин

Червар со 17 ракометари отпатува во Злин

червар

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Лино Червар, ги соопшти имињата на 17-те ракометари кои ќе и се спротивстават на Чешка, во Злин, во првиот бараж меч за пласман на СП 2017 година.

Од листата од 20 ракометари со кои Червар ги работеше последните тренинзи во СРЦ „Кале“, последни отпаднаа Златко Даскаловски, Никола Костески и Милорад Кукоски.

По завршувањето на средбата во Злин, односно со продолжувањето на тренинзите за реванш-натпреварот во Скопје, овие тројца ракометари ќе продолжат со тренинзите и рамноправно со сите останати играчи ќе конкурираат за место во составот на втората средба.

Репрезентацијата на Македонија, во петокот отпатува за Злин, а натпреварот ќе се одигра во сабота од 12:30 часот. Веднаш по завршувањето на средбата, репрезентацијата се враќа во Скопје, каде од недела ќе продолжи со редовните тренинзи.

Реванш натпреварот од баражот за СП 2017 година ќе се одигра во среда (15 јуни) во СЦ „Борис Трајковски“ од 20:00 часот.

Ракометари што патуваат за Злин, за прв натпревар од бараж за СП:

Голмани: Борко Ристовски, Никола Митревски
Бекови: Кирил Лазаров, Наумче Мојсоски, Немања Прибак, Филип Лазаров, Влатко Митков, Филип Талески, Филип Миркулоски, Аце Јоноски, Велко Марковски
Крила: Дејан Манасков, Гоце Георгиевски, Гоце Ојлески
Пикери: Стојанче Стоилов, Жарко Пешевски, Никола Маркоски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП