7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈорданеску: Не се плашиме од фаворитот

Јорданеску: Не се плашиме од фаворитот

jordanesku

Селекторот на фудбалската репрезентација на Романија, Ангел Јорданеску изјавил дека неговите фудбалери нема да се уплашат од Франција, иако смета дека домаќинот на ЕП е фаворит за освојување на титулата.

Франција и Романија, денес, на стадионот „Сен Ден“, ќе го отворат 15-то Европско првенство.

„Тоа е тим кој вреди стотици милиони евра, тие се фаворити за титулата. Сепак како и секој тим и тие имаат свои слабости и ние ќе се обидеме да ги искористиме“, рекол Јорданеску, дополнувајќи дека со својот стручен штаб детално ја анализирал играта на Франција.

„Очекувам дека Франција ќе биде многу агресивна на почетокот. Сигурен сум дека моите играчи се подготвени да одговорат и дека ќе го издржат тој почетен притисок на домаќинот“.

Инаку на последниот тренинг кој Романците го одработија на „Сен Дени“ присуствуваше и премиерот Дачијан Ќолош.

Покрај Франција и Романија, во А групата се и селекциите на Швајцарија и Албанија, кои својот меч од првото коло ќе го одиграат в сабота од 15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП