13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДаниел Агер ја заврши кариерата

Даниел Агер ја заврши кариерата

daniel-ager

Данскиот фудбалер Даниел Агер (32) ненадејно реши да стави крај на професионалната кариера.

„Најпрвин на сите би им се заблагодарил на поддршката. Тажен сум, но мислам дека сега е вистинското време да ставам крај на кариерата. Со гордост гледам на мојата кариера, можам да кажам дека имав неверојатно искуство“, напишал Агер на својот профил на Twitter.

Агер последната сезона ја мина во Брондби, клуб во кој ја започна кариерата. И покрај понудата да го продолжи договорот, тој решил да се пензионира незадоволен од амбициите на клупското раководство.

Централниот дефанзивец во кариерата покрај Брондби играл само уште за Ливерпул. Со „црвените“ од Енфилд има по еден трофеи во Лига купот и Комјунити Шилд. За Ливерпул одиграл 232 натпревари на кои постигнал 14 голови.

Дресот на данската репрезентација го носел на 71 натпревар, на кои 12 пати бил стрелец.

Агер во кариерата двапати бил прогласуван за најдобар дански играч (2007, 2012).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП