19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЈуве и Рома го договориле трансферот на Пјаниќ

Јуве и Рома го договориле трансферот на Пјаниќ

pjanic raga 33

Миралем Пјаниќ (26) е на чекор до Јувентус, пренесуваат италијанските медиуми. Рома од трансферот ќе заработи 30 милиони евра, а Пјаниќ ќе потпише петгодишен договор.

Репрезентативецот на Босна и Херцеговина, со „Старата дама“ ќе потпише петгодишен договор, а годишно ќе заработува 4,7 милиони евра.

Трансферот „тежи“ 30 милиони евра, а Рома ќе може дополнително да заработи уште два милиона евра, во зависност од успесите на Пјаниќ со Јувентус.

Пјаниќ кариерата ја започнал во Мец (сезона 2007/2008), потоа бил дел од тимот на Олимпик Лион (2008/2011), а од 2011 година го носеше дресот на Рома.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП