26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Роналдо и Ибрахимовиќ ќе го ловат рекордот на Платини

ЕУРО 2016: Роналдо и Ибрахимовиќ ќе го ловат рекордот на Платини

роки-ибра

Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ на престојното Европско првенство во Франција, ќе се обидат да го достигнат или да го надминат рекордот на Мишел Платини, кој со девет постигнати голови е најдобриот стрелец во историјата на континеталните првенства.

Интересно, Платини сите девет голови ги има постигнато на едно ЕП, во 1984 година кога ја предводеше Франција до првата титула европски првак. Франција на патот до титулата одигра пет натпревари, а Платини постигна барем по еден гол на секој од тие натпревари.

Втор на оваа вечна листа е еден од најдобрите англиски напаѓачи на сите времиња, Алан Ширер, со седум голови.

Платини и Ширер, на претстојното ЕП, имаат можност да ги престигнат Кристијано Роналдо и Ибрахимовиќ. Лидерите на Португалија и Шведска, во своите досегашни кариери на ЕП-а имаат постигнато по шест голови и се наоѓаат на третото место на вечната листа заедно со пензионираните Патрик Клајверт (Холандија), Нуно Гомеш (Португалија), Тиери Анри (Франција) и Руд ван Нистелрој (Холандија).

Инаку, Роналдо на терените во Франција ќе „лови“ уште еден рекорд, оној за најмногу настапи на континеталните првенства. Овој рекорд е реално да го собори, бидејќи уште три натпревара му недостигаат да се израмни со Лилијан Турам (Франција) и Едвин ван дер Сар (Холандија), кои имаат одиграно по 16 мечеви на завршните турнири.

Португалија е апсолутен фаворит во Ф групата во која уште се и Исланд, Австрија и Унгарија, пласманот во осминафиналето е реалност, што значи дека Кристијано Роналдо е блиску до надминување на овој рекорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП