18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКопа Америка: Бразил убедлив, реми на Перу и Еквадор

Копа Америка: Бразил убедлив, реми на Перу и Еквадор

kopa 3353

Бразил ја забележа првата победа на Копа Америка, откако во второто коло во А групата го декласира Хаити 7-1. Во вториот меч Перу и Еквадор ремизираа 1-1.

Бразил против аутсајдерот Хаити постигна три гола во првото полувреме, во второто гол повеќе за премиерна победа на Копа Америка. Фелипе Кутињо посигна хет трик, Аугусто беше стрелец на два, а Габриел и Лима по еден гол. Почесниот гол за Хаити го постигна Марселин.

Перу и Еквадор одиграа без победник, иако Перуанците по само 15 минути игра имаа предност од два гола. Куева и Флорес погодија за Перу, а бод за Еквадор спасија Валенсија и Боланос. Во финишот на мечот Еквадор остана без исклучениот Акилер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП