3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМурињо го засили тимот со централен дефанзивец

Мурињо го засили тимот со централен дефанзивец

2000

Дефанзивецот на Виљареал Ерик Баили е првото засилување за Манчестер Јунајтед во ерата на Жозе Мурињо, јави британскиот сервис BBC. Изминатите денови англиските медиуми шпекулираа дека за трансферот, вклучувајќи разни бонуси и клаузули, Јунајтед ќе издвои околу 40 милиони евра.

Ерик Баили има 22 години, минатата сезона одигра 35 натпревари во Примера и е еден од најзаслужните што Виљареал избори пласман во квалификациите во Лигата на шампионите.

Виљареал ќе профитира од овој трансфер бидејќи Баили пред 18 месеци во клубот пристигна од Еспањол за 7,5 милиони евра.

Баили официјално ќе стане играч на Манчестер Јунајтед веднаш откако ќе добие работна дозвола за Велика Британија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП