14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Кашаи ќе го суди првиот меч

ЕУРО 2016: Кашаи ќе го суди првиот меч

Viktor+Kassai+England+v+Peru+vmUocMRlSokl

Првиот натпревар на ЕУРО 2016 ќе го одиграат домаќинот Франција и Романија, покрај овие две селекции во А групата уште се наоѓаат Швајцарија и Албанија. Натпреварот на кој главен судија ќе биде Кашаи ќе се одигра на „Сен Дени“, а ќе започне во 21 часот.

Инаку, Кашаи, пред четири години на првенството во Полска и Украина, судеше само на еден натпревар (Украина-Англија), а потоа УЕФА, поради грешката на неговиот помошник го повлече од шампионатот.

Имено, Кашаи и неговиот помошник, не видоа дека топката по ударот на натурализираниот Украинец, Марко Девиќ, ја мина гол линијата, Украина загуби од Англија 0-1. Таа победа на Англија и обезбеди пласман во вториот круг.

На ова првенство судиите нема да имаат проблеми со проценките бидејќи УЕФА дозволи да се користи гол технологијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП