20 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРидигер поради повреда го пропушта ЕУРО 2016

Ридигер поради повреда го пропушта ЕУРО 2016

редигер

Дефанзивецот на Рома и на фудбалската репрезентација на Германија, Антонио Ридигер, поради повреда ќе го пропушти претстојното Европско првенство.

Ридигер, во вторникот, за време на тренингот ги повредил лигаментите поради што ќе отсуствува од фудбалските терени до ноември.

Дефанзивецот одигра добра сезона во Рома, поради што римскиот клуб реши целосно да го откупи неговиот договор од Штутгарт. Повредата на Ридигер преставува проблем за германскиот селектор Јоаким Лев кој сериозно сметаше на него за ЕП.

Лев ќе повика нов играч во репрезентацијата бидејќи по повредата на Ридигер остана само со тројца централни дефанзивци, Хумелс, Боатенг и Мустафи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП