26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОИбрахимовиќ: Ѝ помогнав на Франција повеќе од Оланд

Ибрахимовиќ: Ѝ помогнав на Франција повеќе од Оланд

Paris Saint Germain vs FC Lorient

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ, денеска изјави дека направил повеќе за Франција од актуелниот претседател Франсоа Оланд. Ибрахимовиќ рекол дека само во првата половина од 2015 година заработил 20 милиони евра и дека платил 75 отсто данок.

„Ѝ помогнав на државата повеќе од него. Каков претседател е тој? Нема да говорам за неговата популарност, но доколку е потребно можам да му помогнам луѓето да почнат да го сакаат, само не знам дали ќе имам време“, изјавил Ибрахимовиќ за Le Monde.

Ибрахимовиќ изминатите три години беше дел од ПСЖ, а како негов нов клуб медиумите го споменуваат Манчестер Јунајтед.

На прашењето дали е политички „лево или десно“ оријентиран, Ибрахимовиќ рекол: „Не сакам да разговарам за политиката, не знам ништо околу тоа. Јас сум народен човек, не сум ниту лево ниту десно“.

Франсоа Оланд според последните анкети има само 14 отсто поддршка, но и покрај тоа тој најави дека ќе се кандидира за втор мандат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП