
Ракометниот тренер Андон Бошковски од наредната сезона ќе работи во Романија, каде ќе го предводи женскиот ракометен тим Роман.


Ракометниот тренер Андон Бошковски од наредната сезона ќе работи во Романија, каде ќе го предводи женскиот ракометен тим Роман.
Бошковски кариерата ја градеше во машкиот ракомет, во Металург, Вардар и како прв асистент во македонската репрезентација, а работата во Роман ќе му биде прв излет во женскиот ракомет.
Андон Бошковски во Романија ќе пристигне од Работнички, а со Роман потпиша двегодишен договор.