18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена Вилијамс најплатена светска спортистка

Серена Вилијамс најплатена светска спортистка

serenka

Американската тенисерка Серена Вилијамс е најплатената спортистка во светот, пишува магазинот Forbes. Серена, која во саботата загуби во финалето на Ролан Гарос, во изминатите 12 месеци заработила 28,9 милиони евра.

Серена Вилијамс на листата на најплатени спортистки ја мина Марија Шарапова која цели 11 години беше прва на оваа листа.

Американката во кариерата само од турнирски награди заработила 77,6 милиони евра.

Шарапова го загуби првото место откако поради допинг скандалот, спонзорските договори со неа ги раскинаа најголемите спонзори Nike, American Express, Porsche, TAG Heuer. Сепак, и покрај тоа што ја напуштија најголемите спонзори Русинката во изминатите 12 месеци заработила 21,9 милиони долари.

На третото место на листата на Forbes се наоѓа поранешната шампионката во UFC Ронда Руси со заработка од 14 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП