1 јули, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА го исфрли Скендербег од европските купови

УЕФА го исфрли Скендербег од европските купови

skendebegu 333

Шампионот на Албанија, Скендербег од Корча, соопшти дека од страна на УЕФА клубот е суспендиран на една година од европските натпреварувања поради местење на натпревари.

Клубот во своето соопштение потенцира дека „УЕФА неправедно го суспендирала клубот од сите европски натпреварувања во сезоната 2016/2017“.

Инаку, УЕФА покрена истрага против Скендербег и некои други тимови од неколку други национални шампионати, врз основа на информации добиени од навивачи, медиуми и обложувалници.

„Сигурни сме дека правата кои УЕФА ни ги одзеде ќе ни бидат вратени од страна на Спортскиот суд за арбитража во спорот“, се наведува во соопштението шесткратниот албански шампион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП