Фудбалскиот репрезентативец на Португалија, Бруно Алвеш, потпишал двегодишен договор со Каљари, објави клубот од Сардинија. Искусниот, 34-годишен дефанзивец, во Каљари простигна како слободен играч, откако му истече договорот со Фенербахче.

Бруно Алвеш е играч кој има богато искуство, тој има четири шампионски титули со Порто и две со Зенит, а во кариерата настапувал и за Фаренсе, Гимараеш и АЕК од Атина.
За португалската репрезентација одиграл 85 натпревари, на кои постигнал 10 голови. Алвеш ќе биде дел од репрезентацијата која ќе се натпреварува на Европското првенство во Франција.