14 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПочина шаховскиот велемајстор Виктор Корчној

Почина шаховскиот велемајстор Виктор Корчној

виктор

Шаховскиот велемајстор Виктор Корчној, веројатно најдобриот играч кој никогаш не станал светски првак, почина во Швајцарија, потврди Шаховската федерација на Русија.

Корчној (85) беше еден од најдобрите советски шахисти пред да пребегне од Советскиот Сојуз во Холандија во 1976 година. Неговите мечеви со некогашниот шампион Анатолиј Карпов привлекуваа големо внимание и поради своите политички, психолошки и физички аспекти.

Корчној два пати го предизвика Карпов, но не успеа да му ја одземе титулата.

Во СССР во тоа време водечка шаховска земја во светот, на 19-годишна возраст успеал да се пласира на државното првенство. Четири пати бил шампион на СССР, а четири пати бил втор.

Во 1976 година на турнирот во Амстердам со помош на англискиот велемајстор Тони Мајлс успеал да побегне, а во СССР ги оставил синот и сопругата. Кусо време живеел во Холандија и Западна Германија, а во 1978 година за место на живеење ја одбрал Швајцарија.

Првиот меч за светската титула против Карпов е одржан на Филипините. Според правилата се играло до шест победи, а по 32 партии победил Карпов со 6-5.

Вториот меч помеѓу овие двајца е одржан во Мерано во 1981 година. Медиумите овој дуел за светската титула го нарекуваат „масакрот во Мерано“, бидејќи Карпов по само десет партии славел 6-2.

По овој тежок пораз Корчној престанал да се натпреварува и никогаш не добил можност да се бори за титулата.

Поранешниот претседател на СССР, Михаил Горбачов во 1990 година му го врати државјанството на Корчној.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП