17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАТП: Ѓоковиќ блиску до границата од 17.000 бодови

АТП: Ѓоковиќ блиску до границата од 17.000 бодови

tenis-djokovic-pehar-rg_0

Првиот светски рекет, Новак Ѓоковиќ, по освојувањето на Ролан Гарос доби нови 800 бодови, тој на чело на АТП листата сега има 16.950 бодови, што е нов рекорд. Српскиот тенисер го подобри сопствениот рекорд за 165 поени, во октомври минатата година по победата во Шангај тој имаше 16.795 поени.

Новак Ѓоковиќ, во неделата во четири сета го победи Енди Мареј, ја освои титулата на Роланд Гарос со што стана осмиот тенисер во историјата кој успеал да победи на четири најголеми турнири во тенискиот свет.

Ѓоковиќ на првото место има повеќе поени од вториот и третиот на листата Енди Мареј (8.915) и Роџер Федерер (6.655). На четвртата и петтата позиција се сменија Рафа Надал (5.405) и Стан Вавринка (5.035), кој не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос.

Шести на АТП листата е Кеи Нишикори (4.290), а на седмото место е Доминик Тим (3.105). Пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, на 22-годишниот Австриец му донесе скок од осум места. Седмата позиција е најдобар ранкинг во кариерата на Тим.

Осми и деветти се Томаш Бердих (3.030) и Милош Раониќ (2.965), а во Топ 10 влезе Ришар Гаске (2.905).

Меѓу најдобрите десет во светот од оваа недела не се Жо-Вилфред Цонга и Марин Чилиќ.

Францускиот тенисер поради повреда се откажа од турнирот и назадуваше од седмата на 12-та позиција, додека Чилиќ од 10-та падна на 13-та позиција на АТП листата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП