7 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСунинг стана мнозински сопственик на Интер

Сунинг стана мнозински сопственик на Интер

zhang 33

Кинеската инвестициска компанија Сунинг, која е сопственик на фудбалскиот клуб Џангсу, соопшти дека го купила контролниот пакет акции на калчолигашот Интер.

Компанијата Сунинг, од Индонежанецот Ерик Тохир, купила 70 отсто од акциите на Интер, а според италијанските медиуми инвестицијата вреди околу 500 милиони евра.

Тохир, кој пред нецели три години го купи контролниот пакет акции, во клубот ќе остане уште некое време, истото се очекува и за потпретседателот Хавиер Занети, додека почесниот претседател, кој поседува и малцински дел од акциите на Интер, Масимо Морати, целосно ќе се повлече од клубот.

„Интер е клуб со голема историја и со армија верни навивачи. Соработка со компанија каква што е Сунинг, која има ресурси и амбиции, ќе им овозможи задоволство на нашите навивачи. Наша цел во наредната сезона ќе биде да формираме силен тим кој ќе биде конкурентен во Серија А и во Лига Европа. Сакаме што поскоро да се вратиме и во Лигата на шампионите каде што припаѓаме“, им изјавил на новинарите во Нанкинг, потпретседателот Занети.

Вложувањето на Сунинг во Интер е последно во низата вложувања на кинеските компании во европскиот фудбал, што го поддржува и претседателот на оваа држава Си Џипинг, кој е голем фудбалски фан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП