20 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОГС Вориорс го декласираа Кливленд (видео)

ГС Вориорс го декласираа Кливленд (видео)

kury 333

Голден Стејт води против Кливленд со 2-0 во финалната серија во НБА лигата. Бранителот на титулата во вториот меч, со извонредна игра во одбраната убедливо го порази Кливленд 110-77. Од почетокот на сезоната кошаркарите на Голден Стејт ја забележаа 87-та победа со што го израмнија рекордот на легендарната генерација на Чикаго Булс од сезоната 1995/1996.

Кливленд во Оракл арената во Оукленд имаше приклучок само во првата четвртина, потоа Дрејмонд Грин со две тројки ја најави победата на Голден Стејт. Проблемите на Кливленд продолжија кога Кевин Лав поради повреда го напушти теренот. Крилниот центар по еден дуел со Херисон Барнс се здоби со потрес на мозокот и неговиот настап во третиот меч е неизвесен.

Голден Стејт на овој меч одново демонстрираше извонредна тимска одбрана, а во нападот од играчите кои настапија само Брендон Раш не успеа да постигне поени.

Дрејмон Грин со 28 поени, седум скокови и пет асистенции го предводеше тимот до победата. Стеф Кари на теренот мина 24 минути и постигна 18 поени, а Клеј Томпсон реализираше еден поен помалку.

Кај поразениот тим само тројца играчи постигнаа двоцифрен број на поени, Леброн Џејмс со 19 поени, осум скока и девет асистенции беше најдобар. Потфрли и на овој меч Кајри Ирвинг кој постигна само 10 поени.

Финалната серија сега се сели во Кливленд, а третиот меч ќе се одигра во ноќта помеѓу среда и четврток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП