10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ против Мареј за титулата на РГ

Ѓоковиќ против Мареј за титулата на РГ

novak-djokovic-andy-murray-french-open

Првиот и вториот носител на Ролан Гарос, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј ќе се борат за титулата на вториот Грен слем турнир во сезоната. Минатосезонскиот финалист Ѓоковиќ во полуфиналето го елиминира Доминик Тим, додека Мареј беше подобар од бранителот на титулата Стан Вавринка.

Првиот светски рекет, Ѓоковиќ, во полуфиналето лесно се справи со новата надеж на светскиот тенис, 22-годишниот Тим. Младиот Австриец единствениот отпор пружи во третиот сет, кога стигна до брејк и водство од 0-3, но Ѓоковиќ бргу се врати во мечот и славеше со 6-2, 6-1, 6-4.

Неочекувано лесна задача во полуфиналето имаше и Мареј, иако загуби еден сет од бранителот на трофејот Вавринка.

Британецот победи со 6-4, 6-2, 4-6, 6-2. Вавринка во мечот имаше 41 директен поен и 43 неизнудени грешки, додека Мареј забележа 25 винери и 22 неизнудени грешки.

Финалниот меч ќе биде 34-от соочување на Ѓоковиќ и Мареј, а српскиот тенисер води со 23-10.

Финалето во машка конкуренција ќе се одигра в недела со почеток во 15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП