10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСерена против Мугуруса во финалето на РГ

Серена против Мугуруса во финалето на РГ

serena murgusa

Серена Вилијамс против Шпанката Гарбиње Мугуруса ќе ја брани титулата на вториот Грен слем во сезоната, Ролан Гарос.

Серена, четврти пат ќе игра во финалето на овој Грен слем, додека Мугуруса се избори за своето второ Грен слем финале во кариерата, по минатогодишното во Вимблдон, каде загуби токму од Американката.

Серена Вилијамс, слично како и во четвртфиналето, вложи многу напор за да ја елиминира Холанѓанката Кики Бертренс. Првата светска тенисерка славеше во два сета со 7:6 и 6:4.

Од друга страна, 22-годишната Мугуруса, која на Ролан Гарос е четврта носителка, лесно се справи со искусната Австралијка, Саманта Стосур. Шпанката победи во два сета 6:4, 6:2.

Финалето во женска конкуренција ќе се одигра денес со почеток во 15 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП