27 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДујковиќ, еден од највисоките во Европа, ќе игра за Македонија

Дујковиќ, еден од највисоките во Европа, ќе игра за Македонија

marko 333

Марко Дујковиќ (26), во иднина ќе го носи дресот на кошаркарската репрезентација на Македонија, објави Македонската кошаркарска федерација (МКФ). Дујковиќ е висок 226 сантиметри и еден од петте највисоки кошаркари во Европа. Роден во Куманово, по мајка е Македонец, што значи дека во репрезентацијата ќе настапува како Македонец.

Марко Дујковиќ во кариерата настапувал за повеќе екипи во Србија, Босна и Херцеговина и Грузија. Во Србија играл за Раднички од Белград и за Металац од Ваљево, во БиХ ги бранел боите на Босна, а минатата сезона ја минал во Грузија, во редовите на Олимпија од Тбилиси.

За грузискиот тим одигра 17 натпревари, на кои во просек по натпревар остварувал двоен ефект од 11,4 поени и 11,8 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП