6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРоналдо премијата од ЛШ ја донира во добротворни цели

Роналдо премијата од ЛШ ја донира во добротворни цели

ron

Најдобриот стрелец во Лигата на шампионите, Кристијано Роналдо, според пишувањата на шпанските медиуми, во добротворни цели ќе ја донира паричната награда која ја доби за освојување на Лигата на шампионите.

Кристијано Роналдо, со Реал, пред една недела ја освои титулата во Лигата на шампионите, која е втора за клубот во последните три години, вкупно 11-та за Реал.

Првиот човек на клубот, секој играч за освоената титула го награди со 600.000 евра, но Португалецот нема намера да ги задржи тие пари.

Шпанските медиуми пренесуваат дека тој му наложил на својот менаџер Жорге Мендеш да истражи која добротворна организација најдобро би можела да ги искористи тие 600.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП