21 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНБА: ГС води против Кливленд (видео)

НБА: ГС води против Кливленд (видео)

gs77

Кошаркарите на Голден Стејт Вориорс поведоа со 1-0 во финалната серија НБА лигата. Во ноќта помеѓу четвртокот и петокот, кошаркарите на актуелниот шампион го совладаа Кливленд со 104:89.

Првиот натпревар од репризата на минатосезонската финална серија, го решија играчите кои секогаш делуваат од втор план во играта на Голден Стејт. Првите ѕвезди во тимот Стеф Кари и Клеј Томпсон заедно постигнаа само 20 поени, но нивниот лош шутерски натпревар го надополнија Шон Ливингстон кој со 20 поени беше најефикасен кај Вориорс, односно Дрејмонд Грин (16 поени, 11 скокови, седум асистенции, четири украдени топки), Харисон Барнс (13 поени), Андре Игудала (12 поени, седум скокови, шест асистенции), Ендрју Богут (10 поени).

Кливленд го предводеше Кајри Ирвинг со 26 поени, Леброн Џејмс беше на чекор до трипл дабл (23 поени, 12 скокови, девет асистенции), а Кевин Лав имаше учинок од 17 поени и 13 скокови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП