4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОХет-трик на Азмун за победа на Иран во Скопје

Хет-трик на Азмун за победа на Иран во Скопје

mak

Фудбалската репрезентација на Македонија, во четвртокот во пријателски натпревар, загуби од Иран 1-3 (1-2).

Избраниците на селекторот Игор Ангеловски беа целосно надиграни од Иранците во чии редови блескаше 21-годишниот напаѓач на Ростов, Сардар  Азмун. Момчето кого во татковината го нарекуваат „Ирански Меси“, ги постигна сите голови за селекцијата која ја предводи познатиот Португалец Карлос Кеирош.

Азмун погоди во осмата, 20-та и 60-та минута, додека Македонија во 10-та минута успеа да израмни со голот на Александар Трајковски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП