5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКака нема да игра на Копа Америка

Кака нема да игра на Копа Америка

кака-кака

Бразилскиот репрезентативец Кака (34) поради повреда нема да настапи на Копа Америка, соопшти фудбалската федерација на оваа земја.

„Кака на тренингот го повреди мускулот, а по прегледот на магнетна резoнанца, докторите му препорачаа мирување во наредните три недели“, стои во соопштението.

Фудбалерот на Орландо, во репрезентацијата беше повикан како замена за Даглас Коста кои исто така се повреди на подготвките. Бразилскиот селектор Дунга на местото на Кака го повика фудбалерот на Сао Паоло, Хенрике Гансо, кој последен пат во националниот тим играл во 2012 година.

Јубилејното 10-то издание на Копа Америка ќе се одржува од 3 до 26.јуни во САД. Бразил ќе игра во Групата Б со селекциите на Еквадор, Перу и Хаити.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП