19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОБлат две години во Дарушафака

Блат две години во Дарушафака

блат-блат

Доскорешниот тренер на Кливленд, Дејвид Блат, потпиша договор со турскиот клуб Дарушафака. Американецот по отказот во Кливленд чекаше понуди од НБА клубовите, но на крајот реши да се врати во Европа.

Дарушафака, наредната сезона ќе игра во Евролигата, откако доби специјална покана. Челниците на клубот најавија дека буџетот ќе изнесува 30 милиони евра. Блат, потпиша двегодишен договор, за нето плата од 1,7 милиони евра годишно.

Буџетот кој го најавија челниците на Дарушафака го става овој тим во рангот на Барселона, Реал и Фенербахче, додека ЦСКА ќе остане тимот со најголем буџет.

Блат кој ја има освоено Евролигата со Макаби, ќе биде вториот најплатен тренер во Евролигата, по колегата Жељко Обрадовиќ од Фенербахче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП