4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШпанците фуриозни против Јужна Кореа (видео)

Шпанците фуриозни против Јужна Кореа (видео)

схпанцо

Фудбалската репрезентација на Шпанија ја декласира Јужна Кореа со 6-1, во пријателски натпревар одигран во Салцбург.

Актуелните европски шампиони победникот го решија во средишницата од второто полувреме, кога за осум минути, постигнаа три гола. По два гола постигнаа Нолито и Мората, а по еднаш погодија Фабрегас и Давид Силва. Честа на Корејците ја спаси се-Јонг Ју во финишот на мечот.

Шпанскиот селектор мечот го започна со Касиљас – Аспиликуета, Пике, Бартра, Белерин – Бруно Соријано – Фабрегас, Иниеста – Давид Силва, Нолито и Мората, а во второто полувреме настапија и голманот Рико, односно Алба, Педро, Алкантара, Бускетс и Адурис.

До почетокот на ЕУРО 2016 Шпанците ќе одиграат уште еден меч и тоа против Грузија на 7 јуни.

Шпанија на ЕП ќе игра во Групата Д заедно со Чешка, Хрватска и Турција, а првиот меч ќе го одигра на 13.јуни против Чешка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП