18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЃоковиќ ја проби границата од 100 милиони долари

Ѓоковиќ ја проби границата од 100 милиони долари

nolica

Новак Ѓоковиќ стана првот играч во историјата на тенисот кој само од учество на турнирите заработил 100 милиони долари. Магичната граница, најдобриот светски тенисер, ја проби со пласманот во четвртфиналето на Ролан Гарос.

Новак Ѓоковиќ до пласманот меѓу најдобрите осум на Ролан Гарос дојде со победата над Роберто Баутиста-Агут 3-6, 6-4, 6-1, 7-5. Србинот и Шпанецот овој меч требаа да го одиграат во понеделникот, но поради обилните врнежи од дожд, истиот започна во вторникот, а заврши во средата. Ѓоковиќ и Баутуста-Агут во осминафиналето активно играа три часа и 10 минути.

Пласманот во 28-то четвртфинале во низа на Грен слем турнирите на Ѓоковиќ му носи парична награда од 328.251 долари, а кога на оваа сума ќе се додадат претходно заработените 99.673.404 долари се доаѓа до 100.001.655 долари само од турнирски настапи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП