10 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОАнгеловски: Очекуваме добар меч и победа

Ангеловски: Очекуваме добар меч и победа

mrme 333

Најдобрите македонски фудбалери, во четврток, ќе одиграат нов контролен натпревар, а противници на „Филип Втори“, ќе им бидат репрезентативците на Иран.

Натпреварот со официјално 42-та селекција на ФИФА листата, доаѓа по триумфот над Азербејџан (3-1), во Бад Ерлах, Австрија, меч на кој можност за настап добија неколкумина играчи од репрезнетацијата до 21 година.

„Иран е азиски фудбалски гигант, исклучително квалитетна селекција предводена од врвен тренер. Ќе биде тежок натпревар, но за нас е важно да оствариме и позитивен реузултат. Победивме против Азербејџан, но тоа е само еден натпревар и нема никаква потреба и простор за еуфорија. Немеме намера да отстапиме од досегашниот пристап, се надевам дека спојот на младоста и искуството повторно ќе ни донесе позитивни работи. Задоволен сум од залагањето и атмосферата во тимот. Радески се пожали на повреда и во консултација со лекарскиот тим ќе одлучиме за евентуалниот настап. Влегуваме максимално во утрешниот меч, да одиграме добро и на крај секако да победиме“, рече селектор Игор Ангеловски.

Пријателскиот натпревар Македонија-Иран, в четврток, ќе започне во 19 часот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП