11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПрофи боксерите ќе можат да учествуваа на ОИ

Профи боксерите ќе можат да учествуваа на ОИ

boks3777

Меѓународната боксерска федерација (АИБА), на својот конгрес кој се одржува во Лозана изврши промена на Статутот со што на професионалните боксери им овозможи да настапуваат на Олимписките игри. Професионалците ќе можат да се натпреваруваат веќе од ОИ во Рио де Жанеиро (5. до 21. август).

Претседателот на АИБА, Чинг Куо-Ву, рекол дека речиси 95 отсто од делегатите на Конгресот во Лозана ги поддржале измените во Статутот.

Професионалните боксери, односно оние кои ќе имаат желба да настапат на ОИ во Рио де Жанеиро, ќе имаат само една шанса низ квалификациите да изборат учество на најголемата спортска смотра, а тоа е квалификацискиот турнир кој од 16. до 25. јуни ќе се одржи во Баку

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП