18 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЕУРО 2016: Азар ја предводи Белгија

ЕУРО 2016: Азар ја предводи Белгија

azar556

Марк Вилмотс, селекторот на Белгија, го соопшти конечниот список за Европското првенство во Франција. Белгијците кои се едни од фаворитите на ЕП ги предводи играчот на Челзи, Еден Азар.

Вилмотс, во Франција, ќе може да смета на напаѓачкиот двоец од Ливерпул (Бентеке, Ориги), додека поради повреди отпаднаа дефанзивците Компани и Ломбартс.

Во отсуство на Компани капитенската лента ќе ја носи Азар.

Белгија на ЕП се наоѓа во група со Италија, Шведска и Република Ирска.

Голмани: Куртоа (Челзи), Мињоле (Ливерпул), Жиле (Мехелен)

Одбрана: Алдервилед (Тотенхем), Вертонген (Тотенхем), Денајер (Галатасарај), Џордан Лукаку (Остенде), Муније (Бриж), Вермелен (Барселона), Симан (Монтреал), Кабаселе (Генк)

Среден ред: Витсел (Зенит), Дембеле (Тотенхем), Фелаини (Ман.Јунајтед), Наинголан (Рома)

Напад: Азар (Челзи), Де Брујне (Ман.Сити), Ромелу Лукаку (Евертон), Ориги (Ливерпул), Бентеке (Ливерпул), Мертенс (Наполи), Караско (Атлетико Мадрид), Батшуаји (Марсеј).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП