17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНови прoблеми со дождот на РГ, испаднаа Халеп и Радванска

Нови прoблеми со дождот на РГ, испаднаа Халеп и Радванска

nole-cador

Дождот и во вторникот им направи големи проблеми на организаторите на вториот Грен слем турнир во сезоната, Ролан Гарос.

Четири осминафинални мечеви започнаа, но не завршија, исто како и предвидените две четвртфиналиња во машка конкуренција. Единствено завршија двете осминафинални пресметки во женска конкуренција, кои започнаа уште во неделата.

Во вторникот Ролан Гарос заврши за втората и шестата носителка на турнирот, Агњешка Радванска и Симона Халеп.

Радванска го загуби осминафиналето од Цветана Пиронкова 2-6, 6-3, 6-3, додека Халеп во оваа фаза е поразена од Саманта Стосур 6-7, 3-6.

Кај мажите, започнаа четири мечеви од осминафиналето Ѓоковиќ води против Баутиста-Агут 2-1 (3-6, 6-4, 4-1), Ферер и Бердих одиграа три гема во првиот сет, исто како и Гофан и Гулбис, 1-1 е резултатот во сетови во дуелот помеѓу Тим и Гранољес.

Овие мечеви ќе бидат на програмата утре заедно со двете четвртфиналиња Мари-Гаске и Вавринка-Рамос.

Проблемите кои ги прави дождот во Париз најверојатно ќе го поместат машкото финале за в понеделник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП