Селекторот Игор Ангеловски продолжува со иновативните идеи за подигање на атмосферата во репрезентацијата пред натпреварот со Иран.
По пеинтболот, селекторот на македонската репрезентација, Игор Ангеловски, продолжува со иновативните идеи за подобрување на атмосферата и концентрација во националниот тим. Откако има новитети на тренинзите кои служат не само за уигрување туку и за подигнување на атмосферата, се применуваат техники и надвор од зелениот терен.
Овој пат стручниот штаб ја воведе кинеската древна техника за фокусирање „Фоукс мандала“. Преку различни бои се добива подобра концентрација на фудбалерите. Исто така, играчите играат карти и пинг-понг како дел од подготовките за натпреварот со Иран, кој се игра во четврток.
Сево ова треба да донесе триумф и над Иран, со што по долго време македонскиот национален тим ќе врзе две победи по ред после изданието против Азербејџан и победата од 3:1.