2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЛа Коруња го отпушти Виктор Санчез

Ла Коруња го отпушти Виктор Санчез

galicija 3335

Шпанскиот стратег Виктор Санчез повеќе не е тренер на фудбалскиот клуб Депортиво Ла Коруња, потврди клубот од Галиција на својата интернет страница.

Депортиво штотуку завршената сезона во Примера ја заврши на 15-то место, успеа да избори опстанок, но Санчез доби отказ бидејќи тимот забележа само осум победи во првенството.

„Управниот одбор донесе одлука да ја раскине соработката со Виктор Санчез. Клубот му се заблагодарува на големата посветеност, трудот и професионализмот кој го покажа во текот на целата сезона, во која успеавме да го задржиме прволигашкиот статус“, стои во клупското соопштение.

Ла Коруња е првиот тим во кој Санчез беше прв тренер, претходно како асистент работеше во Хетафе, Севилја и Олимпијакос

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП