4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОШампионот е жив, ГС ја елиминира Оклахома (видео)

Шампионот е жив, ГС ја елиминира Оклахома (видео)

голден-гол

Голден Стејт ја освои титулата во Западната конференција и избори пласман во големото НБА финале, каде против Кливленд ќе го брани трофејот освоен минатата година. Вориорс, во финалната серија на Западот, направи неверојатен пресврт, откако принегатива 1-3 успеа да ги добие преостанатите три средби.

Решавачкиот седми натпревар во финалето на Западот Голден Стејт го доби со резултат 96:88. На овој начин екипата на Стив Кер по уште еден параметар влезе во историјата, бидејќи стана четвртиот тим кој успеал да надомести негатива 1-3 во конференциско финале, односно Вориорси станаа деветтиот тим во историјата кој во плејофот добил серија откако по четвртиот натпревар имал негатива 1-3.

Последен пат екипата на Бостон, во 1981 година против Филаделфија, успеала да добие конференциско финале по негатива од 1-3.

Мајсотрката во Оукланд мина во знакот на Стеф Кари и Клеј Томпсон кои погодија 13 тројки од 23 обиди (Кари 7/12, Томпсон 6/11).

Кари натпреварот го заврши со 36 поени, а Томпсон постигна 21, а довцифрен ефект имаше уште Дрејмонд Грин кој постигна 11 кошеви.

Оклахома имаше предност по првиот период, на полувреме водеше со шест поени, но третат четвртина беше клучна на натпреварот, Голден Стејт ја доби со 29:12, а серијата ја најавија Кари, Томпсон и Игудала кои во три напади поенитраа за три поени.

Во финишот при резултат 90:86, Ибака го фаулираше Кари при обидот за три, најдобриот играч во лигата ги погоди трите слободни фрлања, а потоа во наредниот напад со тројка стави точка на натпреварот.

Кевин Дурент ја предводеше Оклахома со 27 поени (10/19 од поле), Расел Вестбрук имаше учинок од 19 поени и 13 асистенции.

Голден Стејт, во реприза на минатогодишното финале, титулата ќе ја брани против Кливленд, првиот меч од серијата ќе се одигра во ноќта помеѓу четврток и петок во Оукленд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП