19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСпанулис му донесе титула на Олимпијакос (видео)

Спанулис му донесе титула на Олимпијакос (видео)

спани

Кошаркарите на Олимпијакос одбранија титулата во грчкото првенство откако финалната серија против Панатинаикос ја добија со 3-1. Василис Спанулис со тројка во последната секунда му донесе победа на својот тим 82:81, по две продолженија, и во пензија го испрати својот голем пријател од спротивниот табор Димитрис Дијамантидис.

Четвртиот меч одигран на теренот на Панатинаикос беше исклучително драматичен, се одиграа две продолженија, а Олимпијакос во првото од пораз го спаси Манцарис кој на 1,1 секунда погоди тројка за со која израмни на 71:71.

Во второто продолжение Панатинаикос ја контролраше играта беше поблиску до израмнување на резултатот во серијата, но Спанулис во последната секунда погоди неверојатна тројка за конечни 82:81.

Спанулис натпреварот го заврши со 25 поени и шест асистенции, Хантер постигна 14, а Манцарис и Папаниколау по 13 кошеви.

Дијамантидис во својот последен меч во кариерата имаше учинок од 16 поени и по шест скокови и асистенции.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП